Радио Милева Изненаден и почестен

„Жаре – 1 на 1“ фатен на препад кај Бојана Скендеровски во „Улица Македонија“: Еве кој негов колега напиша специјално за него песна, па му ја отпеа во шоуто! (ВИДЕО)

„Жаре – 1 на 1“ фатен на препад кај Бојана Скендеровски во „Улица Македонија“: Еве кој негов колега напиша специјално за него песна, па му ја отпеа во шоуто! (ВИДЕО)

Во последното издание на ТВ шоуто „Улица Македонија“ што премиерно се емитува секоја сабота во 14.35 часот на „ТВ 24“, гостин на Бојана Скендеровски и беше уште една добро позната телевизиски фаца. Лик која исто така е актуелен на ТВ екраните години наназад во неговото  „1 на 1“ ТВ шоу – популарниот Жарко Димитриоски.

И како што е познато Жаре има навика со своите довитливи прилози, коментари, прашања, игри…  да ги става гостите „во тесно“ во својата емисија, но овој пат улогите целосно беа заменети. Тој не само што беше наместо домаќин – гостин кај Бојана, туку уште на самиот старт на шоуто таа му приреди изненадување кое Жаре не го очекуваше.

Имено, неговиот некогашен ( и сегашен) колега, спортскиот ТВ водител и актуелен Пи-Ар на ФФМ – Златко Андоновски се појави во студиото со специјално напишани стихови на песна посветена на Жаре, па му ја отпеа во живо во емисијата.

Жаре евидентно не можеше да ги сокрие возбудата и изненадувањето, па покрај аплаузите паднаа и прегратки со „неоткриениот талент“. Заради честа и задоволството што му ги приреди, Жаре го покани Златко да им се придружи нему и на Бојана во првиот дел на шоуто.

Каква песна му смисли Златко Андоновски на Жарко Димитриоски, какви стихови содржи таа и како реагираше Жаре на изненадувањето, ако не сте погледнале во саботната премиера во 14.35 на „ТВ 24“, погледнете во видеото во продолжение.

To top