Како и многу други кандидати, така и Радмила Манојловиќ пред неколку години мораше да го трпи судот на членовите на жирито на „Ѕвездите на Гранд“.
Иако важи за една од најзгодните пејачки, жирито на музичкото шоу беше суров кон Рада, па ја советуваа да оди на разни естетски корекции.
„Мене момчињата не ми наоѓаа недостатоци, туку медиумите. Се коментираше: „Радо, рамна си како даска, зголеми ги градите. Среди го носот, среди го тој клун. Имаше разни злонамерни коментари, а такво нешто ми нема кажано некој кој ми е близок или кој се грижи за мене“ вели Рада и додава:
„За секоја девојка која е на почетокот на кариерата, а посебно за мене, која дојде од село во голем град, не е лесно да се сретне со такви наслови. Сепак, најдоа погршена бидејќи кога ќе проработи селскиот инает – готово е. Јас сум некој кој докажа дека може да направи кариера и покрај сите тие недостатоци“.
Таа објасни дека единствена работа која корегирала на себе се забите.
„Единствена работа која ја корегирав на себе се забите. На тоа ме советуваше Снежана Ѓуришиќ. Јас не сакав да ги средам забите, се додека сама не ги погледнав снимките и не видов дека тоа на телевиизја изгледа ужасно. Сакав да имам насмевка како Анџелина Џоли. Но, тоа беше моја желба. Се друго за кое ми велеа дека не е убаво, го видов на видеата и тоа не ми пречи“ вели пејачката.