Во серијата „Сулејман величенствениот“ турско-германската актерка Мерием Узерли (35) брилираше, а приказната за важниот период од турската и европска историја верно ја следеа многу гледачи на Балканот.
Мерием која пред неколку години доживеа вистинска драма бидејќи нејзиниот тогашен свршеник, милијардерот Kан Атеш, бараше од неа да абортира, а потоа се осмели да бара старателство над нивната ќерка Лара, поради приватни проблеми забадна во сериозна психичка криза.
Победи и се врати силна и физички поразлична, за што причина се бројните пластични операции. Мерием неодамна на Инсатграм откри како таа и нејзината сестра изгледале како малечки девојчиња.
Се гледа тогаш, а уште поуочливо е денес дека и двете имаат продорни очи. Каран е две години постара од Мерием, а од малечка се занимава со музика.
Беше член на групата „Seltik mjuzik“, а потоа продолжи со соло кариера.
Нејзиниот глас се опишува како несекојдневен, а нејзината музика како мик на поп и модерни звуци, спој на меланхолија и брз ритам.