Денес со почеток во 18:00 часот започнува првиот фестивалски ден на гевгелискиот “Вкуси го Југот” – “TasteTheSouth”. Шаторите се поставени, музичката бина истотака, се финализираат последните подготовки на штандовите на изложувачите каде три дена посетителите ќе можат да го почуствуваат и вкусат тоа што го нуди Гевгелија и регионот.
Во 18:00 часот започнува музичката програма со настап на Ансамбал Бојмија, потоа Анета Ристова Василева, Инфузиона 2, Баклава, Диверзија Миле Кузмановски, Дац и Александар и Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд. Водител и шоумен ќе биде Актерот Сашко Коцев кој со својот настап ќе не води низ вкусовите на југот. Денес сите патишта водат кон Гевгелија, дојдете да го вкусите југот на едно уникатно фестивалско доживување.