Мегафон фестивали

Започнува Пиволенд 2023: Добра забава со ладно пиво

Започнува Пиволенд 2023: Добра забава со ладно пиво

Денес со почеток во 18:00 часот официјално започнува најурбаниот градски фестивал – Пиволенд. На два стејџа со повеќе од 50 изведувачи овие 3 дена пред Спортскиот центар Борис Трајковски Скопје ќе пулсира со добра музика ладно пиво и одлична храна.

На главната сцена ќе ги слушаме: – Инфузиона2 (бендот од Шпанија), Дани Димитровска со својот бенд, Ареа и Куку Леле, додека на помалата 2BEER OR NOT 2BEER сцена млади бендови и диџеи но и легендите на македонскиот рокенрол Културно Уметнички Работници со полн концертен репертоар. Повеќе од 30 различни пива ја сочинуваат пивската листа, но и убава храна и деликатеси.

 

Важно е да се напомене за начинот на плаќање, ви го претставуваме xPressPay: бесконтактен платежен систем кој го олеснува и забрзува процесот на плаќање, добивате картичка која ја надополнувате со пари, истата важи и се користи сите 3 дена. Новина е што оваа година, по неколку годишна пауза се враќа игротеката за возрасни, бир понг, пикадо фудбалче и многу други игри ве очекуваат. Ќе има и студио за тетоважи како и демонстрација на кунфу вештина, но и стрелачка арена со лак и стрели.

Многу забава го очекува Скопје овие три дена па затоа повелете на урбано дружење и ладно пиво. Од организаторите Крафт Продукција пристигнува и апелот да се комзумира одговорно и да се избегнува возење на автомобили. Дојди- Види- Испиј на Пиволед 2023!

To top