Мегафон

Започнува новиот „Jazz Fortnight Festival 2019“

Започнува новиот „Jazz Fortnight Festival 2019“

Оваа недела е почетокот на првото издание од новиот џез фестивал во нашата држава; 15 концерти, 7 градови, 6 состави.

Џезот е она кое нема рок на траење, не познава граници, раси или култури. Тоа е музиката која е направена за оние со префинет вкус. Сепак џезот не е ексклузивен, туку сеопфатен. Тоа е музика во која секоја нота може да биде илјадници пати отсвирена и секогаш на различен начин.
Сметаме дека оваа пролет македонската публика заслужува да уживате во две седмици исполнети со најдоброто од домашната џез сцена.
Ви го преставуваме Jazz Fortnight Festival 2019. Добро познати имиња од македонска џез сцена, на добро познати култни места во повеќе градови низ државата од 20-ти март до 3-ти април годинава ќе ви приредат вистинско музичко доживување.

ПРОГРАМА

20 март | Дом на млади Штип | Сашо Поповски Трио и Зулу 3.4
21 март | Киц Романса Мак.Каменица | Симон Киселички Трио
21 март | Public Room Скопје | Иван Иванов Квартет
22 март | Public Room Скопје | Сашо Поповски Трио
23 март | Public Room Скопје | Брама Трио
24 март | Public Room Скопје | Зулу 3.4
26 март | Podroom Куманово | Иван Иванов Квартет
27 март | Podroom Куманово | Симон Киселички Трио
28 март | Porta Jazz Битола | Иван Иванов Квартет
29 март | Bar “37” – Kavadarci | Џоле Грујовски
29 март | Porta Jazz Битола | Симон Киселички Трио
30 март | Take Five Прилеп | Брама Трио
30 март | Bar “37” – Kavadarci | Сашо Поповски Трио
02 април | КОТУР Скопје | Џоле Груjoвски
03 април | КОТУР Скопје | Симон Киселички Трио

МУЗИКА
https://jazzfortnight.bandcamp.com/

АРТИСТИ
Saso Popovski
САШО ПОПОВСКИ е џез музичар од четвртата генерација македонски уметници, професор на музичката академија на Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип – Џез Оддел, композитор и педагог со главен инструмент на гитара. Современиот џез со елементи на традиционална македонска музика ја прави неговата музика уникатен и добро познат учесник на музички сцени во Европа. Повеќе од 20 години на сцената преку разни проекти соработуваше со многу уметници и издаде 3 џез албуми и неколку соло композиции.

Ivan Ivanov
ИВАН ИВАНОВ е припадник на младата генерација на џез артисти, кој своето музичко образование го стекнува надвор од земјата. Композициите напишани од Иванов покажуваат своја автентичност и структурна комплексност што е веќе докажана на неговиот прв албум „Wild Flower” издаден од Skopje Jazz Festival Records. Во новиот проект станува збор за fusion jazz односно комбинација на динамична џез хармонија со импровизирани funk и други елементи од различни музчки правци.

Simon Kiselicki / Симон Киселички
СИМОН КИСЕЛИЧКИ, доајен на македонската џез сцена. Патникот кој изминативе две години ги помина патувајќи низ безброј градови по континентот, раскажувајќи ја приказната создадена со децениска творба низ дирките од своето пијано.
Досега необјавен албум што 10 години е сокриен од јавноста „ Jamajla ” кој скопската публика веќе имаше можност да го чуе на промоцијата.

Djole Grujovski
ЏОЛЕ ГРУЈОВСКИ е џез гитарист, композитор и продуцент. Класична гитара изучува од својата 10 година и паралелно пројавува интерес кон џез музиката. По студиите во Софија, се враќа во Скопје и почнува да работи како гитарист во Биг бендот на Македонската радио телевизија. Во меѓувреме активно свири во многу џез и рок бендови во Македонија и Југославија со кои издава и албуми и остварува многу турнеи и настапи во Европа. Секако , по долгогодишната импозантна кариера „Reflections” е можеби најдрагото најново достигнување кое се запишува зад неговото име.

Zulu 3.4

ЗУЛУ 3.4 е инструментален бенд од Скопје, формиран од страна на Дамјан Даневски и Марио Симоновски во март 2018 година. Музиката е фузија од повеќе стилови и најава за генерацијата што доаѓа.

Aleksandar Dziger Vancovski

БРАМА ТРИО е нов проект воден од Александар Ванчовски. Албумот кој го најавуваме за април 2019 ќе биде за прв пат изведен во склоп на овогодишниот фестивал.

БИЛЕТИ

Македонска Каменица – Бесплатен влез благодарение на КИЦ „Романса”
Штип – Билетара на Дом на млади Штип
Скопје Public Room – Продажна мрежа на MkTicketsts и Karti.com.mk
Куманово – Продажба во Podroom
Битола – Продажба во Porta Jazz
Кавадарци – Бесплатен влез благодарение на Кожувчанка и Наше Македонско пиво
Прилеп – Бесплатен влез благодарение на Jazz club TAKE FIVE
Скопје Котур – Продажба во КОТУР

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА

https://www.facebook.com/events/2225025097772693/

https://www.facebook.com/JazzFortnight

To top