Кулинарското шоу „Брза кујна“ имате прилика да го гледате секој работен ден на Сител телевизија.
Незаменливте шеф Марк и шеф Никола секојдневно подготвуваат разни специјалитети од намирници кои ќе ги донесат натпреварувачите.
Од претходната сезона, „Брза кујна“ доби и нова водителка, односно Александра Илиевска замина на породилно отсуство, а од претходната сезона на нејзино место е водителката Сања Савеска.
Неодамна, започнаа и снимањата на 7-та сезона на кулинарското шоу и тоа повторно со промени.
Имено, тимот не се менува, Сања, шеф Марк и шеф Никола остануваат да бидат дел од „Брза кујна“, но во нивното студио имаат промени.
Како што се пофалија на социјалните мрежи, тие новата сезона ја започнуваат со нови кујни во кои шефовите ќе приготвуваат разни јадења, специјалитети, ручеци.
-Започнуваат снимањата за новата 7-ма сезона, а оваа сезона имаме нови кујни и многу изненадувања за натпреварувачите и за гледачите. Нашиот тим е непроменет , и понатаму со вас незаменливите шеф Марк и шеф Никола и Сања како водителка и домаќинка на најгледаното кулинарско шоу Брза Кујна Ве очекуваме“, пишува на социјалните мрежи.
Какви специјалитети ќе подготват Марк и Никола, останува да видиме.