Тинјеџерската серија „Беверли Хилс“ наскоро ќе го добие своето продолжение, а моментално со старата екипа се снимаат новите епизоди, потврди Габриела Картирис која фановите ги израдува со заедничко селфи.
За жал, актерот Лук Пери кој се прогласи со улогата на Дилана, неодамна почина на 53 години.
„Тешка работа, едвај чекам да ви покажем што сме подготвиле“ напиша Габриела на фотографијата.
Каналот Фокс објави снимка од нивната средба на која Бренда (Шенон Доерти), Дона (Тори Спелинг), Брендон (Џејсон Пристли), Стив (Иан Зиринг), Дејвид (Брајан Остин Грин) и Андреа (Габриел Картерис) седат околу маса, го читаат сценариото и се дружат.
https://youtu.be/FvJhkiQjdrA