Започна традиционалниот Фестивал на чајот и читањето кои ќе траат до 15 февруари, а ќе бидат изберени најдобрите читатели во земјава и тие ќе добијат комплет книги од македонски автори – изданија на „Феникс“.
Читателите ќе бидат изберени по онлајн спроведената анкета во библиотеките во Скопје и Републиката.
На фестивалот онлајн ќе биде промовирана книгата „Нова европска драма“, како и новите броеви на списанијата „Селект“ и „Книжевна академија“. Ќе бидат претставени и новите наслови од едицијата „Меридијани“, како и најновите едукативни и креативни изданија за деца и млади, најави организаторот на Фестивал – издавачката куќа „Феникс“ од Скопје.