Војислав Стојчиќ, синот на убиениот полициски генерал Радован Стојчиќ Баџе, на денешното судење во Третиот основен суд во Белград негираше дека учествувал во кражбата во вилата на Саша Поповиќ.
На сослушувањето во судот, тој поновил дека го поврзале со кражбата поради неговото презиме.
Тој тврдел дека судот не ги земал во предвид неговите докази, па од судот побарал да ги сослуша неговите сведоци кои ќе потврдат дека денот на кражбата тој бил во игротека на роденденска забава.
На крајот на судењето, неговите адвокати побарале да му го укинат притворот, но судот го одбил ова барање.
Следното судење на кое треба да сведочат Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ е закажано за 19ти февруари.