Радио Милева по три години

Започна судењето на Турчинот кој е обвинет за сообраќајната несреќа во која почина Шабан Шаулиќ

Започна судењето на Турчинот кој е обвинет за сообраќајната несреќа во која почина Шабан Шаулиќ

Започна судењето на Турчинот Алсин Левент кој е обвинет за собраќајната несреќа во која почина легендата на народната музика Шабан Шаулиќ.

Целото семејство Шаулиќ, Гордана Шаулиќ, како и децата Михајло и Санела ќе присуствуваат на судењето кое предизвика огромен интерес кај јавноста, па судот добил многу барања за акридитации за германските новинари, но и за медиумите од околните држави.

Судењето денес може да биде завршено бидејќи Турчинот признал дека е виновен.

Осомничениот Алсин во судот се појавила со капа на главата, криејќи се од медиумите.

Во судницата Левент цело време држел книга со која го криел лицето и не можел да го погледне семејството Шаулиќ.

За потсетување, Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ загинаа на 17 февруари 2019 во сообраќајна несреќа по настап во Германија кога се упатиле на аеродром за да се вратат во Белград, кога во нивниот автомобил со голема брзина одзади удрил Турчинот  кој бил под дејство на дрога и алкохол.

фото: Драган Удовиќиќ/принтсркин

To top