Во Општинскиот суд вчера започна судењето на пејачот Тони Цетински за сообраќајната несреќа која се случи во ноември 2017 година во која почина 62-годишниот Ибрахим Кевљан.
Пејачот во еднонасочна улица го прегазил Кевљан кој лежел на патот. Пејачот тврди дека не е виновен, но јавното обвинистелство тврди дека Цетински можел да ја избегне сообраќајката.
Одбраната побарала да бидат изнесени сите докази и поднела барање на местото на несреќата да излезе стручно лице и да погледне каде се движел возачот, а ова барање било одбиено од страна на судот.
Распаравата била прекината, а новото рочиште е закажано за 15 јули.
Цетински по излегувањето од судот изјави дека може да се сочувствува со семејството на починатиот, но не можел да ја предвиди ситуацијата.
„Се останато ќе биде на суд и како ќе се развива не знам, но верувам во правдата на судот и дека се добро ќе се истражува. Нека има правда“ вели хрватскиот пејач.
фото: ата имагес/антониоахел