На само еден ден пред почетокот на месец декември, пејачката Викторија Лоба реши да се фати за работа и да биде прва од познатите која ќе се пофали со новогодишната елка и магија во домот.
Секоја година сведочиме на новогодишниот амбиент во домот на познатите, а пред крајот на старата година, Лоба реши да се фати за работа.
Купи природна елка, се реши за црвени лампиони и сијалички, па почна со украсување.
Облечена во бели пижами во друштво на своите кученца, Лоба си го направи својот мерк.
View this post on Instagram
Убавата енергија ја сними на видео кое го објави на својот Инстаграм профил, а го наслови како „најубавото време од годината“.
Доколку се уште не сте се решиле да ја накитите елката, ова нека биде мотивација плус за и вие да ја донесете новогодишната магија во својот дом.
фото/видео:Инстаграм/Викторија Лоба