Еден од најпознатите хрватски и балкански музичари, Дадо Топиќ на 4 јули ќе одржи концерт во Битола, во рамките на битолското културно лето Бит фест 2018. Сопственикот на една од најубавите песни за Македонијаќе настапи во пациото на битолскиот музеј заедно со Камерниот оркестар на Битола и нивната „Рок-симфонија“.
Дел од ова 12. издание на фестивалот ќе биде и бендот „Њујорк џипси ол-старс“, во кој членува и битолчанецот Исмаил Лумановски. Концертот ќе се одржи во организација на битолското локално музичко радио Б-97 Битола и општината Битола. Ова е првпат Исмаил Лумановски, кој годинава беше да настапува со својот оркестар во Хераклеја.
Битолското културно лето годинава ќе биде исполнето со 58 настани, објавија од општина Битола на неодамнешната прес-конференција, додавајќи дека со новиот концепт нема да има отворање и затворање бидејќи Битола е град на културата 365 дена. Почетокот на фестивалот симболично започна со празникот на музиката – „Солстис“ на 21 јуни, а ќе заврши на 25 август со веќе традиционалниот настан „Широк сокак во бело“.