Мегафон тажна вест

Замина уште една македонска легенда: Ненадејно почина Димитар Чемков – Циме

Замина уште една македонска легенда: Ненадејно почина Димитар Чемков – Циме

Вчеравечер, 8-ми февруари 2019 година, ненадејно не напушти нашиот колега и пријател, доајенот на македонската рок музика и македонското музичко новинарство,  Димитар Чемков – Циме.
Роден е на 2-ри февруари 1944 та година.
Цели 37 години како музички новинар и уредник беше дел од музичката редакција на Македонско Радио – Радио Скопје.
Водител на популарни емисии меѓу кои: Поп албум , Поп контакт, Поп телекс, Најдоброто од …

Музички критичар, рецензент и коментатор на многу музички настани и речиси сите најзначајни музички фестивали како што се: Скопскиот фестивал на забавни песни, Изборот за песна на Евровизија, Макфест, Евро фест, Скопски џез фестивал, Цветници, Валандово, Охридски трубадури – Охрид фест…

 

Музичар и автор на 70-на забавни и новосоздадени фолклорни композиции.
Член на двете најпопуларни рок групи во 60-те и основоположници на македонската рок музикла и рок ен рол сцена: „Бисери“ и „Бис-Без“.

Почивај во мир Циме…

To top