Иво Грегуревиќ, еден од најпознатите хрватски актери, почина на возраст од 67 години, објави ХРТ. Според “Утрински лист”, засега нема информации за причините за смртта.
Иво Грегуревиќ е роден во Доња Махала (Орашје) на 7 октомври 1952 година. По завршувањето на средното образование, се запишал на Академијата за драмски уметности во Загреб, а дебитирале на филм во 1977 година, во “Не се навалувај нанадвор”.
Тој играл во филмски во остварувања како “Осудениот”, “Кралска завршница”, “Животот со стрико”, “Вело мисто”, “Чаруга” и други. Грегуревиќ е добитник на најпрестижната награда Владимир Назор и зад себе има играно во повеќе од 90 филмови, 19 телевизиски серии и 30-ина театарски претстави.