Мегафон тажна вест

Замина уште еден музички великан: Почина легендарниот композитор и диригент Војкан Борисављевиќ

Замина уште еден музички великан: Почина легендарниот композитор и диригент Војкан Борисављевиќ

Композиторот и диригент Војкан Борисављевиќ, чија кариера траеше повеќе од пет децении, почина денес во Белград, јавуваат српски  „Новости“. Војкан засекогаш ќе остане запаметен како композитор на евергрините како: „Одисеја“, „Љveубовта е само збор“ или „А сега адио“… и многу други.

Војкан Борисављевиќ е роден на 5 мај 1947 година во Зрењанин, а од 1948 година живее во Белград. По завршувањето на средното училиште, студирал на Филозофскиот факултет во српската престолнина. Своето музичко образование го стекнал во белградските училишта „Д-р Воислав Вучковиќ“ и „Станковиќ“, како и на приватните студии во Париз. Активно се занимава со уметничка работа од 1965 година. Целиот работен век го помина како хонорарен уметник во рамките на Здружението на композитори на Србија со статус на истакнат уметник. Компонирал музика за театар, филм и телевизија, популарни и детски песни, инструментални композиции и аранжмани, кои сочинуваат неколку стотици дела од различни жанрови.

На 22 март 2018 година тој одржа авторски концерт на Големата сцена на Народниот театар во Белград, наречен „Мојата одисеја“ и по тој повод му беше врачена наградата „Дарко Краљиќ“. Во 2018 година ја објави и книгата „Мојата одисеја“.

To top