Замина тивко во кругот на семејството: Почина познатиот пејач!

26 Окт , 2017 Мегафон

Замина тивко во кругот на семејството: Почина познатиот пејач!

Тажната вест ја потврди неговата ќерка.

Легендарниот музичар Фетс Домино, почина на 89 годишна возраст, јавуваат медиумите од Њу Орлеанс.

Домино беше американски пејач, пијанист и текстописец, кој се смета за еден од рокенрол пионерите.

Инспирираше многу музичари, меѓу кои беа и Елвис Присли и Битлси, а локалните медиуми пренесуваат дека веста за неговата смрт ја потврдила неговата ќерка, велејќи дека починал тивко во кругот на семејството.

Антонио Фест Домино е роден на 26-ти февруари 1928 година. Беше најмладиот од осум деца, а од најрана возраст почнал да покажува талент кон музиката, особено кон свирењето клавир. Со музика почна да се занимава во 1949 година, кога го објави првиот албум насловен „The fat Man“.

, ,


Comments are closed.