Мегафон тажна вест

Замина македонската блуз легенда: Почина Сале – „Блузмен“ Дворчанец, вокалистот на „Кросроуд блуз бенд“

Замина македонската блуз легенда: Почина Сале – „Блузмен“ Дворчанец, вокалистот на „Кросроуд блуз бенд“

После 3 недели борба, 3 недели на “крстопат”, Сале вчеравечер го одбра патот кон светлината. На место каде нема повеќе болка туку само мир вечен.
Нека Бог му подари Царство небесно!
Да му кажеме последно ЗБОГУМ…
ДЕНЕС: 11.11.2018 во Капелата на Новите градски гробишта во Прилеп, од 12:00 до 15:30 часот.

Со вој статус на неговиот Фејсбук профил, вчера 11 ноември 2018,  најблиските, членовите на бендот, дцругарите, пријателите… се простија од Александар Дворчанец, вокалниот солист и изведувач на усна армоника на култната македонска група која го негуваше блузот како правец и стил на сопствено музицирање, прилепчаните „Crossroad Blues band“, кои го отворија и годинешниов „Blues & Soul Festival 2018“.

За жал, македонската рок музика, особено блузот како еден од нејзините автентични правци кој многу малку домашни музичари вистински го негуваат, повеќе нема никогаш да биде ист со заминувањето на легендарниот Сале – Блузмен. Зашто  тој не само што го сакше, свиреше и пееше, туку блузот и го живееше.

Вечна му слава… таму горе во царството господово, небесно… „Ѕtill got the blues for you“…  градско блуз дете!

 

To top