Радио Милева политичка војна со „ѕвездите“?

Заменик градоначалникиот на Белград, Горан Весиќ ја обелодени платата на Иван Ивановиќ: „Еве колку заработува овој полуписмен уличар, кој се најде на телевизија“ (ФОТО)

Заменик градоначалникиот на Белград, Горан Весиќ ја обелодени платата на Иван Ивановиќ: „Еве колку заработува овој полуписмен уличар, кој се најде на телевизија“ (ФОТО)

„Претходните денови утврдивме многу факти од животот на Иван Ивановиќ, полуписмен уличар кој се најде на телевизија“ – напишал заменик-градоначалникот на Белград Горан Весиќ на својот Фејсбук профил со фотокопии од договорот на Иван Ивановиќ додека работел на ТВ Прва и истакна дека „сега е време да дознаеме колку заработува полуписмен медиумски платеник “.

Објавата на Весиќ понатаму српските медиуми како Ало.рс, ја  пренесуваат во целост:

„Утврдено е дека тој го украл шоуто што го води од своите кумови. Утврдено е дека тој е промотор на хрватските интереси во Србија и за пари ги пере биографиите на оние кои им нанеле зло на Србите, како Стипе Месиќ или Дино Мерлин. Утврдено е дка има стан во Ровињ за кој постои основано сомнение дека се платени 250.000 евра, а ние ќе утврдиме која е всушност цената.
Утврдено е дека под чудни околности бил запален неговиот локал „Централ парк“ во центарот на Белград, дека во таа прилика ги загрозил животите на луѓето кои живееле во соседната зграда и дека за тоа не им платилл ништо. Познато е дека има најмалку десетина компании регистрирани на неговата домашна адреса, од кои повеќето се згаснати. Познато е дека тој пријавил речиси двојно помалку данок на својата компанија годинава, а има и поголеми приходи, што значи дека не сака да и плаќа даноци на Србија. Познато е дека не плаќа казни за паркирање и се фали како секој неживеан уличар аздисува.

Сега е време да откриеме колку заработува полуписмениот медиумски платеник. Пред вас е договорот што го имаше додека работел на ТВ Прва. Како што можете да видите, тој заработуваше 17.000 евра по емисија или 68.000 евра месечно!? Толку чини да одработува валкана работа во медиумите за своите газди. Толку чини да се донесат Месиќ и Мерлин во шоуто и да се претстават како пријатни луѓе, кои ете, само малку ги мразеа Србите.

А, како Ивановиќ ја одработува својата валкана работа, покажува и членот од договорот, кој предвидува дека Ивановиќ не може да донесе гостин во емисијата без согласност на урдништвото?! Толку од „независноста“ на овој медиумски платеник. Како во минатото со Грците, така и денес со Ѓилас и Шолак, другите ги избираат неговите гости, други го пишуваат текстот. Овој кретен е тука само за да ја отвора устата“, истакна Весиќ.

To top