Пејачката Маја Беровиќ се огласи на социјалните мрежи и ја извести својата публика дека нема да настапи извесно време поради загрозената здравствена состојба.
Имено, пејачката се огласи преку „стори“ на Инстаграм и ги извести фановите на нејзината музика дека ќе мора да ги откаже претстојните настапи поради влошената здравствена состојба.
– Драги мои, во последните недели имав прилично брзо темпо на живот, што влијаеше да се намали имунитетот и да ми се влоши здравјето. Морам да ги одложам следните три концерти, бидејќи не сум во состојба да го дадам максимумот на кој е навикната мојата публика. Им се извинувам на фановите од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина кои едвај ги чекаа концертите! Ве сакам многу ви благодарам на разбирањето, напиша Маја.