Пејачката и поранешна водителка на „Ѕвездите на Гранд“, Ана Севиќ го коментираше скандалот на Дарко Лазиќ кој неодамна се случи кога пејачот возел автомобил под дејство на алкохол и кокаин.
– Загрижена сум што Дарко седи во кола и вози во таква состојба. Тоа е загрижувачко – кратко изјави Ана Севиќ на концертот, па се осврна и на судењето за алиментација за нејзината ќерка Лорена.
– Судот одлучи се’ што треба во однос на алиментацијата – истакна таа.
– Дарко не беше должен да плаќа алиментација на мене, туку на своето дете, а ако некој не чувствува морална обврска, тогаш има закон што не простува такви работи. Законот предвидува дека таткото донекаде учествува во издржувањето на детето. Едноставно и лесно – истакна во една прилика Ана.
Инаку, Дарко истакна дека си ги исполнува обврските и плаќа пари за децата.
– Ана за Лорена добила 50.000 динари бидејќи живее во град во кој животот е многу поскап. Марина, пак, е на село и има далеку помали трошоци па и се доволни 25.000. Алексеј е мал и не му требаат повеќе пари, барем додека не тргне на училиште“, изјави пејачот и додаде дека Гагиќ последниве недели му прави пекол од животот – изјави Лазиќ за „Информер“.