На Фејсбук одненадеж се прошири веста дека легендарниот музичар и некогашен пејач на „Бијело Дугме“, Жељко Бебек, загинал во сообраќајна несреќа на автопатот во близина на Хамбург. За среќа, набргу се покажа дека ова е само уште една лажна вест, која по кој знае кој пат „погреба“ уште еден познат и популарен естраден уметник.
Веста за загинувањето на Бебек го шокираше регионот, па набргу самиот пејач се појави и ги негираше овие гнасни лаги:
„Прочитав и јас дека сум мртов, но за среќа тука сум жив и здрав. Во саботата имав феноменален концерт во близината на Чаковец и не ми фали ниту влакно на главата. Јас и мојот тим се обидуваме да го исконтактираме медиумот кој објави ова, за да не продолжи да ја дезинформира јавноста. Но сега за сега немаме успех, бидејќи тоа е некој непознат или лажен портал и едноставно не може да се дојде до нив. Јас не знам од каде таа информација, ниту пак на кого воопшто му одат ваквите вести во полза“ – изјавил Бебек и истакнал дека по ширењето на лажните гласини стотици луѓе се јавувале да проверат дали е жив, бидејќи тие не можешле да веруваат во она што го прочитале или слушнале.
Инаку на порталот пишувало дека „инцидентот се случил кога пејачот заспал на воланот, по што дошло до верижен судир во кој покрај Бебек, загинал и неговиот менаџер“.
Ова не е првпат да се измислат лажни приказни за смртта на познати уметници од естрадата. Пред Жељко Бебек на таа, нималку пријатна листа исто така се најдоа и Аца Лукас, Драган Стојковиќ Босанац, Шабан Шаулиќ…