Радио Милева последно збогум

Зафир Хаџиманов испратен на вечното почивалиште

Зафир Хаџиманов испратен на вечното почивалиште

Македонскиот пејач Зафир Хаџиманов кој исто така беше и филмски актер и композитор денеска беше испратен на своето вечно почивалиште.

Тој ја загуби битката со  коронавирусот на 27 март минатиот месец, а денеска кругот на најблиското семејство и пријатели се простија за последен пат од него.

Инаку телото на Зафир било кремирано, а неговиот син Васил преку социјалните мрежи објави дека урната ќе биде положена во алејата на заслужните граѓани.

„Кога ќе заврши оваа грозна пандемија ќе направиме испраќање какво што треба и заслужува Зафир. Ќе го испратиме со песна и насмевка, баш така како што живееше тој целиот живот“ – напиша неговиот син, џез музичарот Васил.

To top