Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и повеќе министри вечерва присуствуваа на приемот за карневалските групи и гости што го приредува градоначалникот на Струмица и Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал.
На приемот градоначалникот на Струмица Коста Јаневски му ја врачи наградата на градот „11 Декември“ на претседателот на ФЕЕЦ, Фердинанд Ван дер Крон. Јаневски во своето обраќање им се заблагодари на карневалските групи од странство за учеството на Карневалот.
На приемот присиствуваа амбасадори и претставници на дипломатските претставништва.
Интернационална карневалска вечер, започна во 18:30 часот, а на неа ќе учествуваат околу две илјади учесници распоредени во 41 група од земјава и странство.
Како и претходната година и годинава Заев нема да се маскира. Додека беше градоначалник на Струмица се маскираше редовно.