Радио Милева

Заедно во ноќен провод: Ирина Шајк по раскинувањето со Бредли Купер во љубовна врска со девојка?!

Заедно во ноќен провод: Ирина Шајк по раскинувањето со Бредли Купер во љубовна врска со девојка?!

Манекенката Ирина Шајк (33) неодамна ја раскина четиригодишна врска со актерот Бредли Купер (44), и иако многумина сè уште веруваат дека тоа е поради пејачката Лејди Гага која соработуваше со Купер на „Sвездата се роди“, точната причина за разделбата на познатата двојка е непозната.

Сепак, по краткото затишје, се појавуваат нови гласини за Ирина.

Пред еден месец, папараците ја „фатија“ моделката во прегратка на друг маж, а сега убавата Русинка е фотографирана во блиско друштво на колешката Стела Максвел (29), која е позната по бурната врска со актерката Кристен Стујарт (29).

Поради ова, почнаа гласините дека Ирина можеби го замени Бредли со нова девојка.

Атрактивните дами беа заедно во ноќен клуб во Њујорк, а манекенката не им посветуваше премногу внимание на собраните фотографи, но одлучи да се забавува во женското друштво.

Разделбата со актерот Бредли Купер, со кого има ќерка Леа де Сен (2), ја погоди Ирина, но се чини дека таа не го губи своето време. Во интервју за „Harper’s Bazaar“, таа прво зборуваше за чувствата и раскинувањето.


– Ако ме прашате дали сè уште верувам во брак, одговорот е да, секако дека верувам. Јас не сум тип на личност што е против таа институција “, објасни моделот.

фото:инстаграм

To top