Веста за влезот на Станија Добројевиќ во „Задруга 2“ одекна како бомба! Имено, ѕвездата веќе учествуваше на двапати во реалното шоу „Фарма“, каде што дури и победи вториот пат.

Во „Фарма“, Станија и Кристијан Голубовиќ беа многу блиски и шпекулираа дека имале интимни односи. Таа потоа со пејачката Габриела Пејчев разговараше за тоа дали сите „фармер(к)и“ го „добиле она што го барале“, и дека таа и Кристијан имале акција во сено, на што Бугарката одговорила оти сите верувале дека старлетата и Голубовиќ ја поделиле страста меѓусебе во сеното.

На таа нејзина констатација, Станија самоуверено ќе одговори со задоволна насмевка: „Така е. Тоа е поентата!“ – очигледно, сакајќи да нагласи дека тоа е само чин на глума.

Според шпекулуциите на медиумите, постои можност и Кристијан Голубовиќ да влезе во „Задруга 2“, па на 6-ти септември ќе видиме што ќе се случи.