Радио Милева
не - за корекции!

„Задругарката“ Алекс Николиќ го смени личниот опис – многумина не можат да поверуваат дека таа е истата девојка од пред неколку години (фото)

„Задругарката“ Алекс Николиќ го смени личниот опис – многумина не можат да поверуваат  дека таа е истата девојка од пред неколку години (фото)

Александра Николиќ ја одбележа четвртата сезона на „Задруга“ со приказната за аферата Бујановац, додека шестата сезона со јавната измама на нејзиното момче Дејан Драгојевиќ. Имено, таа отворено проговори за периодот кога работела како водителка во еден ноќен клуб, се споменувало и нејзиното апсење во Турција, а другите натпреварувачи често ја навредувале и ја нарекувале со погрдни имиња поради тоа.

По излегувањето од реалното шоу, Александра решила да го промени личниот опис. Покрај тоа што направи неколку корекции на лицето, таа стана русокоса, а многумина денес кога ќе ги видат нејзините фотографии кога првпат се појави во јавноста, не можат да поверуваат дека таа е истата девојка од пред неколку години.

Александра по „Задруга 4“ рече дека заработените пари ќе ги вложи во образованието, а не за корекции.

– Сакам парите што ги заработив да… Се запишав на Вишата бизнис школа. Се запишав на менаџмент. Треба да инвестираме во образованието – изјавила таа, додавајќи дека смета дека треба да инвестира во тоа, а не „како некои“ во корекции.

Александра еднаш призна и  што корегирала кај неа: 

– Ги корегирав само устата и градите, а ќе ја вратам устата. Решив да го сменам животот, веќе се запишав на факултет, полагав пред неколку години, но сега ќе продолжам со образованието и мислам дека тоа е вистинската работа. Не сакам да излегувам и да трошам пари, образованието е единственото нешто што вреди денес, се надевам дека ќе  продолжам таму каде што застанав – изјавила тогаш  старлетата.

Да потсетиме, на Николиќ пред неколку месеци и беше отстранет биополимер од усните, а за време на престојот во Белата куќа го напушти реалното шоу за да се оперира на градите поради пукање на силиконски имплант. А погледнете како изгледаше порано.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева