Актуелниот македонски учесник во реалното шоу „Задруга 6“, Адам Лабунски повторно има проблем со задругарите, односно овој пат со Анастасија Бојановиќ која беше револтирана од односот и коментарите на Адам за неа во „Играта на вистината“.
Имено, Анастасија физички го нападна Адам фрлајќи со чинија по него, а тој и се закани дека ќе ја тужи.
Ваквиот бурен конфликт започна откако Адам и префрли на Анастаија:
– Оди на забар, поправи си ги забите – рекол Адам.
– Велиш дека ме е*е 50 годишен човек – возврати Анастасија.
– Измислуваш – одговори Лабунски.
Анастасија тогаш ја зеде чинијата и ја фрли кон Адам.
– Ќе те тужам – одговори тој.
Таа ја прескокна масата и се нaфрли на Адам. Ѕвездан Славниќ веднаш ја тргна и ја однесе во просторијата за пушење.
Инаку, oва не е прв конфликт на Адам во „Задруга“, бидејќи тој уште во првите денови од влегувањето на имотот имаше судир со Урош Чертиќ кој го искуба за косата, при што му откинал еден цел прамен.
Причината наводно затоа што Адам тоа утро многу гласно пеел, па го разбудил Урош, кој вечерта доцна легнал, па бил спиен само 3 часа.
Очигледно дака негативната енергија лебди околу Адам, така што тој стана меѓу еден од учесниците за кого конфликтите се полесно се лепат.
фото:Задруга/Јутјуб принтскрин