Радио Милева

„Задруга 4“ ќе биде најскапата досега: Издвоени дури 2 милиони евра за хонорари на учесниците!

„Задруга 4“ ќе биде најскапата досега: Издвоени дури 2 милиони евра за хонорари на учесниците!

Новата сезона на „Задруга“ ќе има атрактивни ликови, па затоа финансиски ќе ги надмине рекордите во фондот поставен за хонорари. Според српските медиуми, продукцијата е подготвена да издвои до два милиони евра.

Цената на Станија Добројевиќ скокна – во втората сезона, таа зеде хонорар од две илјади евра неделно, а сега бара уште илјада повеќе. Доколку Добројевиќ остане во Шимановци до крајот на реалното шоу, таа ќе биде побогата за околу 120.000 евра. Кристијан Голубовиќ потпиша договор за шест месеци, за кој ќе добие 150.000 евра, а 50.000 наводно однапред. После тоа, тој ќе може да го продолжи договорот за уште три или четири месеци.

фото:принтскрин/еспресо.рс

Мики Ѓуришиќ успеа да преговара за хонорар од 1.500 евра неделно, што значи дека откако ќе излезе во џеб тој ќе има 60.000 евра, ако издржи.

Миљана Кулиќ се прецени, па затоа бара 250.000 евра од продукцијата за десет месеци. Сепак, таа ќе добие 2.500 евра неделно, па ако остане до крајот, ќе има сто илјади евра. На тоа треба да се додаде и надоместокот на нејзиниот син Жељко, кој добивал 500 евра неделно, како и мајка и Марија Кулиќ, доколку таа исто така одлучи да учествува. Марија ќе има 2.500 неделно.

Сашка Каран изјави дека и нудат дури 400,000 евра за влез. Но, според локалните медиуми, Сашка ќе заработи „само“ 150.000 евра.

Менсур Ајдарпашиќ влегува во четвртата сезона на реалното шоу, но со неговиот брат Адријан. Дечкото на Мина Врбашки ќе има надоместок од 1.500 евра на неделна основа, а доколку се наметне до крај, тој ќе биде побогат за 60.000 евра. Стефан Шебез ќе зема 1.200 евра неделно, а доколку остане десет месеци, тој ќе стане побогат за околу 50.000 евра.

Луѓето од продукцијата преговараат и со Анабела Атијас и Луна Ѓогани. Мајката и ќерката се мајстори на шоуто, така што тие воопшто не се ефтини. Ѓогани не се согласува да влезе за помалку од 200.000 евра, додекаАнабела бара „само“ 170.000.

Романа Паниќ исто така доби понуда да влезе во „Задруга 4“. Наводно, и биле понудени 50 000 евра за шест месеци. Сепак, бидејќи се разгледува, многу е веројатно дека понудата ќе скокне на 70 000 евра.

To top