Забранета реклама од Исланд е опомена за целиот свет.
Рекламата било планирано да се појави за божиќните празници како дел од еколошка кампања, но е цензурирана. Сепак таа го нашла својот пат и трогнала милиони.
Анимираната реклама прикажува мал орангутан кој влегува во собата на едно девојче. На девојчето тоа му пречи, се додека не ја дознае причината зошто тој се наоѓа кај неа.
Приказната за девојчето и мајмунчето треба да ја подигне еколошката свест, како и да го охрабри човекот да се обиде да го запре уништувањето додека се уште не е предоцна.