Војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган исто така ќе треба да се откажат од „кралскиот бренд“ откако решија да се повлечат од дворецот и да станат финансиски независни, пренесува „Дејли меил“.
По долги и сложени дискусии, се верува дека британската кралица и истакнати функционери се согласиле дека е „повеќе не остварливо“ двојката да ја користи придавката „кралска во нивното брендирање“, пишува во весникот.
Хари и Мега веќе подолг период се секојдневна тема во медиумите поради напуштањето на кралството и обврските, сакајќи да живеат како сите нормални луѓе.