Радио Милева му се приклучи на трендот...

„Заблескајте како дијамант“ – Александра Пановска Илиевска ги покажа модните намери – во пижама пред камери (фото)

„Заблескајте како дијамант“ – Александра Пановска Илиевска ги покажа модните намери – во пижама пред камери (фото)

Водителката Александра Пановска Илиевска која ја разубавува утринската емисија на Канал 5 телевизија важи за дама на која елегантните модни комбинации одлично и прилегаат.

Позитивната водителка на социјалните мрежи најчесто споделува фотографии од работното место, но често знае да сподели фотографии и во лежарно издание во тренерки и патики.

Се забележува дека нејзиниот имиџ еволуира и на тој начин остава впечаток дека лесно може да се појави пред јавноста и  да изненади  во едно поинакво издание и да направи исклучок .

Па така, овој пат ТВ водителката Александра Пановска- Илиевска со своите следбеници на социјалните мрежи објави дека го следи трендот кој треба да покаже една префинета комбинација која на многумина им наликува на пижама.

„Заблескајте како дијамант“ – напиша таа на објавата на англиски јазик и со тоа му се приклучи на трендот пижама „парти“ кој станува доста акутелен кај македонските  јавни личности.

Модните писти веќе наголемо ги промовираат овие парчиња за актуеланата сезона пролет – лето, а токму тоа и го направи шармантната водителка, рекламирајќи големо намалување на ова модно парче.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

To top