Мегафон

Забавно-музичкото ТВ шоу “Опуштено” одново на ТВ Алфа

Забавно-музичкото ТВ шоу “Опуштено” одново на ТВ Алфа

На националната ТВ „Алфа“ одново стартува забавно-музичкото ТВ шоу “Опуштено”, кое што своевремено се емитуваше на неколку различни телевизии, како поранешната А1, Сител, МРТ1. Емисијата беше една од најгледаните, посебно кај помладата публика.

За разлика од тогаш кога „Опуштено” беше препознатлива по водителите Тони Михајловски и Део, после пет години пауза во новата сезона гостите ќе ги пречекува и публиката ќе ја забавува само Тони со музичка поддршка на сајзеристот Славиша Кибровски и пејачката Нина Јанева.

Со поинаков концепт, оваа позната и популарна емисија гледачите ќе можат да ја гледаат на Телевизија Алфа секој петок со почеток од 22 часот и 30 минути.