Мегафон

Забава во ЗОО Скопје за крајот на училишната година

Забава во ЗОО Скопје за крајот на училишната година

За крајот на училишната година на 9 jуни во Скопје ЗОО ќе се организира забава со Стефонатор, ЏП и Денсерс Јунајтед. Со почеток во 13 часот, посетителите во Зоолошка градина Скопје ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со GP и STEFFONATOR, Јутјуб милениците на најмладите, а како специјални гости ги имаме и светските и европски шампиони во хип хоп, „DANCERS UNITED“.

Танчерите од танцовото студио „Денсерс јунајтед МК“ на 18 мај во Римини, Италија освоија уште еден златен медал на Европското првенство во хип хоп. Овој медал на танчерите со Даунов синдром им е 5-ти надвор од земјата на светски или европски првенства, а во Македонија се државни прваци од 2015. За сите посетители ќе има и подароци од пријателите и донаторите на Скопје ЗОО. Настанот е во организација на Зоолошка градина Скопје и Град Скопје.

To top