Најдобрата и најпознатата македонска ТВ водителка Лила Стојановска секој слободен миг го користи да посети некоја од светските туристички дестинациии. Неколкуте споени неработни денови за големиот христијански празник Велигден, Лила реши да ги „потроши“ во еден од најубавите европски градови, светскиот центар на уметноста и модата – Милано! Авионот „под себе“ и правец – „бела Италија“!
Прошетки низ најубавите улици во центарот на градот…
…фотографии за спомен од најзначајните објекти како познатата катедрала Дуомо…
…или галеријата Виторио Емануеле…
…па мало коктел освежување на тераца Аперол…
И прашање со слатка дилема: „А да си останам овде?“
А кој не би сакал, освен што животот во Милано не е ниту едноставен ниту ефтин… Како што не е ефтин ниту престојот во него, та макар тој бил и само на неколку дена. И тогаш згрижените душегрижници го поставуваат најлогичното прашање: „А кој и го плати престојот во Милано на Лила?“
Одговорот го знае Вистина.мк, а го има и самата Лила: „Одбери ја дестинацијата која одамна сакаш да ја посетиш без никакви грижи за твојот буџет. Аплицирај за брз кредит до 80 000 денари и добиј одобрување за само 7 минути… Овие Велигденски празници јас ја одбрав мојата омилена дестинација Милано, благодарение на…“ – тврди Лила, а ние откриваме: Благодарение на нејзините пријатели од една од најпознатитите Фин Тек структури во небанкарскиот финансиски сектор кај нас која им обезбедува на своите корисници брзи и лесни решенија при потреба од краткорочно финансирање.
Прошетките по светките метрополи чинат, ама убаво е ако имаш од каде да ги платиш… Како и престојот во Шеретон и полните торби брендирани парчиња облека и обувки… Единствено кафето и бањарката се… гратис!