Уредувњето во домот е одраз на карактерот на личноста, што е логично и сосема разбирливо, оттука, ентериерот од домот на познатиот македонски стилист Александар Билјановски- Дадар може да се опише како смирен, топол, но со доза на еклектичност.
Домот на познатите секогаш е интересен за љубопитното око на јавноста. Дадар е еден од најпознатите и најбараните стилисти во нашата земја, а неговата медиумска актуелност никогаш не била во надолна линија.
На социјалните мрежи најчесто гледаме фотографии од неговиот салон каде ги стилизира дамите, овој пат ќе погледнете каде живее Дадар, односно како изгледа неговата оаза на мирот, интимата- неговиот дом.
Сонцето после дождот беше момент тој да направи неколку фотографии и да ги објави на Инстаграм, а од истите да видиме како изгледа дневниот престој.
За ваквото уредување многумина ќе се согласат дека треба да се има умешност да се спојат неколку стилови, од минимализам до рустика, за да се дојде со некоја блга доза на еклектичност која дава една совршена целина од уредувањето.
Деталите се оние кои го имаат примарното место, темните бои и растенијата кои дававаат свежина и позитивна енергија.
Кога може да направи совршенство од шминка и фризура, немаше сомнеж дека истото го може и во домот.
Чиста перфекција!
фото:Инстаграм принтскрин/ Александар Дадар