Радио Милева утринско задоволство

За ваква линија треба труд и напорна работа: Елена – „Живот со стил“ покажа каде оди уште од рано изутрина (ФОТО)

За ваква линија треба труд и напорна работа: Елена – „Живот со стил“ покажа каде оди уште од рано изутрина (ФОТО)

ТВ водителката и инфлуенсерка, Елена Најдоски или попозната како Елена – „Живот со стил“ е дама која е неуморна кога станува збор за усовршувањето на нејзиниот изглед.

За неа познато е дека  ужива да патува заедно со сопругот и постојано сака да се буди на нова дестинација. Сепак, каде и да оди обожава да проба од тамошните вкусни деликатесни јадења кои ја привлекуваат и се неизбежни.

Но, бидејќи одржувањето на телото е нејзиниот приоритет, таа работи на тоа да биде секогаш во топ форма. Затоа  уште рано изутрина се труди да  ги потроши вишокот калории во најблиската теретана.

Така Елена овој пат покажа како изгледа нејзиното утринско задоволство кога  тренингот  го започнува уште во 08 : 41 часот, па откако го стави точното време прецизно до минутка напиша:

– Кој рано рани …  – гордо додавајќи стикер со голем мускул.

Потоа со следбениците на социјалната мрежа Инстаграм, сподели и дел од утринската атмосфера додека ги правеше вежбите, а беше облечена во тесни црни хеланки и боди кои дополнително ја истакнаа нејзината витка линија.

Па, благодарение на нејзината физичка активнот таа изгледа среќно и совршено… Останатото е заслуга на мајката природа и умешноста на вештите раце на пластичарите.

Фото: Принтскрин/Instagram/elena_zivotsostil

To top