Кон крајот на минатата година, македонскиот шоумен Игор Џамбазов ги израдува своите бројни обожаватели со тоа што отвори свој профил на популарната социјална мрежа Инстаграм, па повеќето сега може да ѕирнат на неговиот профил и да дознаат како го минува секојдневието.
За разлика од порано, кога социјалните мрежи не му беа силна страна, сега Игор е еден од поактивните членови кои не ретко објавуваат фотографии и видеа на својот профил.
Не требаше да помине многу време за Игор да има 26 илјади следбеници кои секојдневно можат да видат и да прочитаат нешто од него, а некои дури му коментираат дека станал активен на Инстаграм како Ким Кардашијан.
Имено, поголемиот дел од неговите објави се како лек за поправка на лошиот ден и расположение, а последното видео слатко ги измасмеа сите кои имаа прилика да го погледнат.
Дојран е се почеста дестинација каде Игор патува и отседнува да се релаксира и наполни батерии, а иако ги знае сите места во Македонија, додека патуваше со автомобилот, крај патот сретна една посебна и расна „госпоѓа“ од животински род, која не можеше, а да не ја праша за патот кон село Црничани.
Нејзината реакција и неговиот одговор се вистински хит на социјалната мрежа за кои доби лавина од ласкави епитети дека е цар, легенда, неповторрлив… Погледнете: