Мегафон

За „Тиквешки гроздобер 2022“ угостителите во Кавадарци со продолжено работно време од плус два часа

За „Тиквешки гроздобер 2022“ угостителите во Кавадарци со продолжено работно време од плус два часа

Додека се одржува манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, односно 9-ти, 10-ти и 11-ти септември годинава, Советот на општина Кавадарци едногласно донесе одлука со која им се продолжува работното време на угостителските објекти за дополнителни два часа.

Манифестацијата оваа година покрај виното и храната, ќе понуди богата музичка и забавна програма. Nucci, Voyage, Огнен Здравковски, Игор Џамбазов, Харис Џиновиќ и Горан Бреговиќ се само дел од ѕвездите кои ќе настапат на овогодинешниот „Тиквешки гроздобер“.

To top