Најголемиот дел од естрадните уметници речиси една година се без настапи поради коронавирусот.
Меѓутоа, српскиот пејач Драги Домиќ е од оние пејачи кои настапувал во полн локал и покрај короната.
Имено, претходната недела, пејачот пеел на детски роденден, а се тоа го забележаа гостите преку социјалните мрежи.
Еден од гостите во живо на Фејсбук ја пренесувал атмосферата. Никој од гостите, ни од музичарите не ги почитувале мерките за заштита од корона.
На една од објавените снимки се гледа како гостите не ги почитувале правилата, односно не седеле на дистанца туку еден до друг и тоа без маски.
На објавените видеа исто така може да се види и како пејачот наздравувал со присутните, се фотографирал и се прегрнувал со сите.
Пејачот не се огласи по повод овие фотографии и снимки.