Целиот свет зборува за солзите на актерот Том Хенкс на доделување на „Златните глобуси“.
Актерот во својот говор истакна дека во животот има многу поважни работи од наградите и признанијата, а пред сите ја истакна својата сопруга.
„Човекот е благословен со семејство кое седи покрај него“ додека гледаше во неговата сопруга Рита Вилсон и неговите деца.
Тој истакна дека тие се најважни во неговиот живот.
„Жена, која е фасцинантна на секој начин, која ме научи што е љубов. Пет деца кои се храбри, силни и мудри многу повеќе од нивната возраст. Прекрасна група на луѓе кои прифаќаат што ме нема со месеци. Не можам да опишам колку ми значи вашата љубов“ вели актерот низ солзи.
I love Tom Hanks.
We love Tom Hanks. What a speech at the #GoldenGlobes pic.twitter.com/Rlh2TFKSYd
— Brad Galli (@BradGalli) January 6, 2020