„Блек фрајдеј“, популарниот „црн петок“ и потрошувачка треска која од Америка се преслика и кај нас! Попусти и намаленија од не знам колку одсто, гужви, турканици, метеж, расправии до тепачка… Чиниш беспари даваат! Општа сенародна потрошувачка викенд еуфорија…
И на сите им е „црн петок“ барем еднаш во годината, а само неа, на македонската ТВ водителка и тој петок како и останатите денови и се розови! А еве и зошто…
Марјана Станојковска е една од оние јавни личности кои најмногу ја користат својата популарност, па убавиот лик и телесните атрибути ги споделуваат на социјалните мрежи, но не напразно. Се разбира, рекламирајќи познати брендови на различни производи за различна намена.
Така и „црниот петок“ македонската лото девојка не ја промаши… На сите им беше „Блек фрајдеј“, а само на неа „пинк“! Или поточно, она што е на неа, за црниот петок – беше „розово“… И што се гледа и што не се гледа.
Џемперчето ќе го забележите уште веднаш, зашто русокосата убавица не можете да ја промашите уште оддалеку! А дека водителката има навика да ги услкладува боите на она што го носи над и под облеката – доказ е подарокот од спонзорот!
Џемперчето и прилега одлично. ја отвора и освежува… Е сега, она останатото – треба да се види на неа! Вака само се наѕира од кутијата…
Колку за потврда дека на Марјана и е пинк… И она што се гледа и она што не и се гледа!
View this post on Instagram