Гледачите на утринската програма во Велика Британија не можеа да поверуваат што се случува кога виделе сосема гола жена како гостува во студиото.
Имено, д-р Викторија Бетман, познат економист, одлучи да се бори со своето голо тело против Брегзит.
Таа вели дека сака да ја истакне „голата вистина“ за лошите страни на излезот на Велика Британија од Европската унија. Токму затоа, таа сосема гола се појави во програмата „Добро утро, Британија“ и разговараше со водителите.
Сепак, со оглед на тоа што видеото беше замаглено, гледачите не можеа да ја видат нејзината порака печатена со маркер на градите: „Брегзит ќе ја остави Британија гола“!
Од друга страна, водителите можеа да видат сè, иако се обидуваа да не гледаат. Особено водителот Ричард Медлеј, кој беше толку збунет, што не знаеше кај да гледа, па неговото однесување изгледаше комично.