Нивес Целзиус дефинитивно е една од најсексапилните и најпосакувани жени во Хрватска. Атрактивната пејачка и актерка многупати докажа дека критиката на хејтерите не ја допира премногу и затоа останува доследна на објавите на социјалните мрежи.
Скокотливите фотографии на расната Нивес обично предизвикуваат лавина од коментари, па покрај сите други, овој пат таа појасни која и е втора омилена активност во креветот, штом се разбуди рано наутро. Во поза својствена за неа, со филџан топло кафе во раката таа прати порака од стутканата постела: „Мојата втора омилена активност во креветот – пиење кафе“!
И логично, на ова се надоврзува прашањето, ако е ова втората, тогаш која е првата? За да нема недоумици, претпоставки и нагаѓања, бујната Нивес веднаш реши да ја отстрани дилемата, откривајќи ја загатката: Која и е првата омилена активност во креветот, пред или после спиење?
Еднаш видено како сто пати кажано или една фотографија менува илјада зборови, па затоа место да објаснува, пејачката реши да сподели доказ – „црно на бело“!
Нееее… не е тоа што можеби некои веќе си помислија! Високо кренати нозе и физичка активност – да, ама во вид на гимнастика или јога, а не во комбинација со „она другото“… Туку во комбинација со интересна книга и неколку прочитани страници… Колку за да и тргне денот – наутро или полесно да заспие, навечер!
Та биле во прашање и „Изопачени игри“… во креветот!
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/nives-celzius-so-vishok-kilogrami-ili-vishok-seksapil-foto/