Радио Милева
Апролутен преседан

За првпат во историјата член на кралското семејство влегува во реално шоу (фото)

За првпат во историјата член на кралското семејство влегува во реално шоу (фото)

Неодамна се појавија шпекулации дека Мајк Тиндал ќе учествува во реално шоу „I’m A Celebrity… Get Me Out Of Here!“ кое ќе се одржи во Австралија и потсетува на „Survivor“ за познати личности.

Инаку, Мајк е сопруг на Зара Тиндал, ќерката на принцезата Ана, а ова ќе биде првпат некој кој е поврзан со кралското семејство, иако не е по крвна врска, да биде дел од таков формат.

Како што пишуваат странските медиуми, Тиндал за своето учество ќе добива по 150.000 фунти дневно. Инаку, по пристигнувањето во Австралија, тој ја опиша таа земја како многу значајна и полна со спомени, со оглед на тоа што токму таму ја запознал сопругата Зара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mike Tindall (@mike_tindall12)

Мајк и Зара се венчаа во 2011 година, а ова реално шоу ќе биде првиот најдолг прекин во комуникацијата меѓу нив, што му падна многу тешко.

Некои веруваат дека ова ќе биде добра промоција за брендот Тиндал, додека други тврдат дека Велика Британија има два крала, од кои едниот е кралот на џунглата. Мајк истакна дека гладта е она што најмногу го плаши, а што се однесува до сонот, навикнат е да не спие бидејќи има три деца.

Останува да се види како кралското семејство ќе се справи со новите информации, и со неговото учество во реалното шоу, со оглед на тоа што се работи за апсолутен преседан.

Останати вести од Радио Милева