Популарната пејачка Александра Пријовиќ често добива комплименти за својот изглед, а со најновата фотографија ги запали социјалните мрежи.
Имено, пред неколку дена Александра заедно со сопругот Филип и синот Александар замина на одмор, а со фотографиите на кои позира во минијатурно бикини не остави никој рамнодушен.
Пријовиќ го покажа своето згодно тело во минијатурно бикини, па на многумина сигурно им било тешко да го отргнат погледот од неа.
„Каква фигура“, „Премногу си ослабела“, „Преубава Александра, сите се здебелуваат, а таа ослабе“, „Гориш како изгледаш“, се само некои до коментарите кои може да се прочитаат.
„Ма каква анорексија, имам 56 килограми. Моментално носам високи потпетици, па поради тоа нозете ми изгледаат послабо. Тренирам и се грижам за начинот на исхрана“, изјави неодамна Александра.