Радио Милева

За несреќата да биде поголема на актерот кој беше заразен со коронавирус му ја ампутираа ногата!

За несреќата да биде поголема на актерот кој беше заразен со коронавирус му ја ампутираа ногата!

Актерот Ник Кордеро(41) е заразен со коронавирус, а за несреќата да биде поголема, како последица на компликациите од неговата состојба со крвта, морале да му ја ампутираат левата нога.

– Мораа да му ја ампутираат десната нога поради згрутчување на крвта. Средството за разретчување на крвта не помогна, туку предизвика уште поголеми проблеми. Затоа, лекарите престанаа да му го даваат. Операцијата помина многу добро – рекла неговата сопруга Аманда.

Коредо веќе 18 дена е на респиратор додека се бори со коронавирусот. Неговата сопруга покрена танцувачки предизвик, во кој ги замоли нејзините следбеници на социјалните мрежи да танцуваат на песната на Ник „Live Your Life“ и да го поставуваат хаштагот Разбуди се Ник.

Продуцентот Алекс Бонило на страницата „GoFundMe“ започна кампања за собирање средства за Ник и неговото семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AK! ⭐️ (@amandakloots) on

„Нашиот пријател Ник имаше уште една операција додека се бори со коронавирусот. Да ги поддржиме Ник, неговата сопруга и малиот син“, напишал тој.

To top