Радио Милева

За нејзиниот настап на Евровизија сите зборуваат, но пред натпреварот доживеала вистинска драма (фото)

За нејзиниот настап на Евровизија сите зборуваат, но пред натпреварот доживеала вистинска драма (фото)

За настапот на австралиската претставничка на „Евровизија“, Кате Милер- Хеидк сите зборуваат.

Некои велат дека нејзиниот настап потсетува на Елиза од цртаниот филм „Заледено кралство“, додека други зборуваат за нејзиното лебдење на сцената.

Меѓутоа, неодамна таа поминала низ драма поради која за малку можело да се случи да не се појави на Евровизија.

Имено, Кате која се претстави со песната „ Zero Gravity“ кој ја напишала со нејзиниот сопруг, пред неколку недели пред Евровизија добила инфекција на ногата и тоа од носење високи потпетици.

фото: принтскрин/блиц.рс

„Дојдов од Европа со сериозна инфекција која можеше да заврши со ампутирање на ногата. Па дури и со смрт. И се тоа поради плускавиците. Оној кој носи високи потпетици знае дека може да не “убијат“, но не размислував доволно“ напиша австралиската претсавничка во описот на фотографија од болница и додава:

фото: принтскрин

„Во последните неколку месеци имам многу обврски. Секој ден е нешто ново. „Трчав“ за во мај, но навистина бев немарлива. Не мислев дека плановите можат да бидат расипани поради несреќни околности. Првите неколку дена во болница ми поминаа во магла, но се е поради инекциите, лековите“ вели Кате.

Таа успеа да се пласира во финалето на Евровизија кое ќе се одржи во сабота.

To top