Стефан Живојиновиќ, најстариот син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, беше киднапиран на 23-ти ноември 2000 година во Белград, кога имаше само осум години.
Овој настан го потресе целото семејство, а сега младиот пејачот им порача на родителите дека е време да ги заборават тие грди денови.
– Пред да стапам на јавната сцена, Брена и Боба разговараа со мене и ми велеа дека луѓето и медиумите честопати ќе ме прашуваат за овој настан што го доживеав како дете. Во еден момент сакав да се извлечам од сето тоа, овие приказни почнаа да ме вознемируваат и им реков дека е време да престанат да зборуваат за тоа дома – рече Стефан.
– Им објаснив дека можам да се справам со се’. Ако има проблеми за ова, секако дека ќе контактирам и споделам со нив.
Стефан вели дека настанот не оставил трајни ефекти врз него.
– Не ми се враќаат слики и лоши сцени од моето киднапирање. Честопати седнувам и си велам себеси дека некои луѓе преживеале многу полоши работи од она што ми се случи. Затоа не сакам да ги драматизирам и да се обидам да гледам на сè што е на позитивната страна. Кога ќе излезете како победник од толку тешка ситуација, тогаш сте многу посилни – вели Живојиновиќ, истакнувајќи дека сака луѓето да го запомнат за убави работи.
– Киднапирањето не е приказна што оди заедно со мојата работа, ниту треба да се претставам во тоа светло. Не сакам луѓето да кажат: „Тој е одличен поради тоа што му се случи“. Треба да ме ценат за тоа што сум позитивна личност и добро пеам, вели Стефан.
Малку е познато за целиот настан и по 19 години, бидејќи членовите на семејството Живојиновиќ никогаш не зборувале детално за тоа.
За киднаперите се знае дека барале откуп од 2,5 милиони германски марки за малиот Стефан, онолку колку што и добиле.